Масажа со топли камења за комплетно опуштање

popara6 декември, 20111min00
masaza

Масажата со топли вулкански камења е третман од Далечниот исток кој се применува повеќе од 1000 години, а денеска е составен дел од антистрес програмите во спа центрите низ светот.

Вулканските камења се особено корисни за телото и кожата во студените денови. За овој тип на масажа се користат сплеснати камења од вулканско потекло во разни големини, кои се загреваат на температура од 60 степени целзиусови, а одржуваат топлина од 45 степени.

Камењата се поставуваат на одредени точки на телото, а се верува дека ја извлекуваат негативната енергија од личноста, а со тоа и болестите.

Топлите камења се ставаат на долниот дел од стомакот, над папокот, во пределот на бедрата, на градите, грбот, нозете и стапалата, а понекогаш и под пазувите и помеѓу ножните прсти, на рацете и на челото. Докажано е дека ја забрзува циркулацијата, ја регулира работата на хормоните и го ослободува телото од напнатост. Овој вид на масажа не се препорачува за лица со проширени крвни садови.

Затоа, ако сте напнати и имате потреба да се релаксирате, овие камења се вистинскиот избор за вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag