Maserati Ghibli

popara28 ноември, 20111min00
0001

Оригиналниот Maserati Ghibli е со две врати, купе двосед произведен од страна на Maserati во 1967 година. V-8 напојуваниот Ghibli било најпопуларното возило на Maserati од кога производителот се повлекол од трките во 1950-тите и ги надминал во однос на продаденост, двата најголеми ривали, Ferrari Daytona и Lamborghini Miura. Дебитирал на автосаемот во Торино во 1966-та година.

Челичното тело на Ghibli, познат по својата ниска предница во облик на ајкула, бил дизајниран од страна на Giorgetto Giugiaro. Автомобилот бил опремен со напред поставен V-8 мотор со 330 коњски сили, со забрзување од 0-100 км/ч во време од 6,8 секунди и максимална брзина од 247 километри на час, управуван од пет-брзински мануелен или три-брзински автоматски менувач. Maserati го опремил автомобилот со два резервоари за гориво кои се полнеле преку двата странични отвори на задниот дел на автомобилот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag