Канаѓанката која е пејачка, Мери Лу Захалан Кенеди е првата личност која се стекна со мастер диплома на тема Битлси, популарна музика и друштво. Мери Ли ги запишала постдипломските студии посветени на познатиот британски бенд во март 2009 година, веднаш кога биле и воведени на Универзитетот Хоуп во Ливерпул. 53 годишната пејачка која зад себе има снимено три албуми, за ББЦ изјавила дека е многу горда на добивањето ваква диплома. Преку 12 неделните предавања, курсеви за изучување на студискиот звук на бендот, нивното влијание на културата и општеството, и начин на кој Ливерпул како град од каде и потекнуваат Битлси, ја обликувал нивната музика.