Матурантите денеска полагаат државна матура

popara14 јуни, 20111min00
20110505_MATURANTi

Матурантите, денеска и во четврток, ќе ги полагаат екстерните предмети од државната матура, а според податоците на Државниот испитен центар годинава има 36.474 пријави за испит.

Матурантите денеска ќе полагаат мајчин јазик и литература, за кој се пријавени вкупно 18.184 матуранти, од кои за тестот по македонски јазик 12.771, за албански јазик 5.063 и за турски јазик 350 матуранти.

Во  четврток матурантите ќе го полагаат вториот екстерен изборен предмет, а пријавени се 18.190 кандидати.
Најголем број пријавени има за англиски јазик (14.802). За математика основно ниво пријавени се 2.679, а за напредно ниво 35 кандидати.
Француски јазик ќе полагаат 450, германски 176 и руски јазик 67 матуранти. Тестот по естетика го избрале 96, а по филозофија 12 ученици. Полагањето на вториот екстерен предмет, на 16 јуни, ќе трае три часа.

Тестирањето ќе го следат 1.830 наставници што ќе бидат распоредени во училиниците каде што ќе се полага државната матура. Ангажирани се 316 оценувачи и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука и од Државниот управен инспекторат.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 13 јули, зашто законскиот рок е 30 дена по полагањето на испитот.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag