Професори и матуранти кои биле на екскурзија во Грција биле шокирани кога нивна матурантка добила трудови болки и за кратко време се породила во болницата во Паралија, пишува сараевски Аваз.
Весникот пишува дека матурантката се породила уште првата вечер кога пристигнале во Грција, точно на нејзиниот 18-ти роденден и дека станува збор за “вистинска убавица”, Ема Алагиќ.
Девојката уште на самото пристигнување во Парлаија, добила трудови болки и веднаш била пренесена во болница, каде лекарите веднаш ја породиле.
Од весникот изјавиле дека се потрудиле да добијат повеќе информации за овој настан, но директорот на средното училиште Мухамед Мухамедовиќ каде што учи девојката, не бил расположен за разговор.