Мајкл Зоун од Лас Вегас матурирал на 90 години, со што покажува дека никогаш не е премногу доцна да го завршите средното училиште.
Ветеранот од Втората светска војна, по потекло од Канада, завршил само основно училиште. Работел многу работи во својот живот, заминал во пензија и веројатно никогаш не би помислил да го продолжи образованието ако не го наговорил неговиот внук, Метју.
-Нема ништо без училиште, изјавил Зоун.
На 90 – годишниот дедо не му било воопшто лесно да дојде до диплома. Најмногу проблеми имал со математиката и земал дополнителни часови се додека на крај не го поминал и овој предмет.
-Се надевам дека мојот успех ќе биде инспирација за младите да продолжат со школувањето. Без диплома денес си никој и ништо, изјавил старецот.