Мажи, ѓезвето во рака и варете кафе!!!Жените кои пијат кафе се помалку депресивни!

popara28 септември, 20111min00
kafe

Ефектот една шоља кафе го има врз нашето расположение трае многу подолго отколку што мислиме. Жените кои пијат повеќе од четири шољи кафе на ден значително ги намалуваат шансите да станат депресивни. Со една до три шољи кафе, ризикот од депресија го намалуваме за 15%, велат научниците.

Истражувачите од универзитетот Харвард го споредија бројот на испиени кафиња во текон на денот со ризикот од депресија. Во истражувањето учествуваа 51.000 жени во период од 10 години.

Истражувањата покажаа дека кофеинот дејствува како антидепресив и го запира создавањето на одредени хормони во телото кои негативно влијаат врз нашето расположение. Научниците објаснуваат дека кофеинот го зголемува чуството на благосостојба и дека ни дава енергија на подолг период.

Споредено со алкохолот, чоколадото, вежбањето и слушањето музика, кафето има најдолготраен ефект врз намалување на депресијата. Научниците велат дека изтражувањето им дало основа за да најдат начин како да го употребат кафето во лечењето на депресија.

Всушност, истражувачите од Харвард дојдоа до исти заклучоци како и многу други претходни истражувања. На пример, во Финска беше спроведено истражување кое покажа дека кафето има сличен ефект кај мажите, иако кај жените дејството на кофеинот е поизразено. Затоа, пијте кафе и не се нервирајте :)))

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma