Драма во Белград …Чудовиште кое уништи животи на многу девојки
Серискиот силувач кој беше уапсен во јуни во Белград за силување на повеќе од 10 девојки, намерно на своите жртви им го пренесувал смртоносниот вирус – СИДА!
М.Н. (24 години), студентка од југот на Србија, која живее во Белград, била силувана во мај оваа година. Таа тврди дека нејзиниот силувач ја претепал, ја силувал додека и држел нож на грло, а потоа ја “известил“дека и таа е заразена!
“Тоа ми го уништи животот”
“Ме нападна во мај. Беше околу три часот наутро, се враќав од една прослава која ја организираше колешка од факултет. Тој ми пријде од позади кога излегував од такси и ме фати за вратот, ме повлече во влезот на зградата, ми рече дека доколку почнам да вриштам дека ќе ме убие.
Ме турна под скалите …ме удраше со тупаници по главата, ми ја искина цела облека… Потоа ми стави нож на грлото и ме силуваше…
Кога заврши, стана, ме плукна и ми рече: “Честитки, курво, сега имаш СИДА“! Ми ја зеде чантата, ги извади сите пари од паричникот и си отиде…
Мојот живот е уништен! Јас се уште не сум се тестирала…се плашам од резултатите. Се надевам дека не сум инфицирана, а лекарите ми рекоа дека постои веројатност да не ме заразил…”, ја започна својата исповед М.Н..
Одмазда поради несреќна љубов
Приказната на несреќната девојка е потврдена и од страна на Клиничкиот центар на Србија, од каде што добивме информација, дека уште во мај оваа година, помеѓу лекарите се зборувало за “манијак кој е ХИВ позитивен и кој наводно, силувал две девојки“.
– Слушнав дека тој бил заразен од страна на неговата поранешна девојка, во која бил заљубен. Откако таа го оставила, сфатил дека е заразен и почнал да се одмазда со силување на девојки – ни раскажа нашиот соговорник.
Од страна на еминентен доктор од Клиниката, дознавме дека присуството на ХИВ вирусот може да се најде во крвта после два месеци по ризичниот однос, но после шест месеци е потребно да се направи контролна анализа.
– Не постои знак за еднаквост помеѓу сексуален контакт и пренесување на ХИВ. Но, силувањето само по себе носи повеќе повреди и на тој начин преносот на инфекција е полесен. Дали некој ќе се зарази со СИДА при сексуален контакт зависи од многу фактори. Статистичките податоци покажуваат дека веројатноста е 1 на 700. Се случува некоја да биде заразен само по еден сексуален контакт со лице кое боледува од СИДА, а некој не се заразува дури и после стотици контакти – вели нашиот соговорник.