Медицински феномен! Девојката која светот го гледа наопаку!

popara27 декември, 20111min00
26u

26 годишна девојка од Ужице чита и пишува наопаку…
Кога Бојана Данилоиќ (26) од Ужице, треба да напише нешто таа прво мора да го сврти листот хартија за 180 степени, потоа почнува да пишува од дното, од долниот десен агол, па на лево кон врвот од листот хартија. Доколку Бојана сака да чита книга или весник, таа прво го врти наопаку. Бојана е медицински феномен, таа светот го гледа наопаку.
Случајот на Бојана бил интересен за американските научници од Харвард и МИТ  Универзитетите, па затоа решиле да го испитуваат.
Таа е здрава и права, освен што работите ги гледа наопаку, инаку може нормално да функционира.

„Гледам различно од другите, едноставно кажано наопачки. Понекогаш малку тешко се снаоѓам во просторот, незнам каде е лево, а каде десно“, изјавила Бојана. Уште само неколку прегледи и нејзината дијагноза набрзо ќе биде позната.
„Кога работам на компјутер, морам да ја свртам тастаурата и мониторот наопачки. Во Америка ми ветија дека ќе ми направат посебен програм. Сепак се трудам и вложувам многу напор за да работам како и остатокот од светот“, додала Бојана која на  крај открила и дека кога пишува смс пораки мора да го сврти мобилниот, односно екранот да е доле, а копчињата горе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma