Мејсон Мичел со нови модни додатоци за есен – зима 2011/2012

popara19 август, 20111min00
Maison-Michel-naslovna

Мејсоновата колекција на аксесоари за есен зима 2011 преставува спој на романтика и фаназија. Но кога е во прашање Мејсон Мичел, ваквиот пристап не може да се нарече иновација. Моделите кои позирааат за овој каталог се Саша Пивоварова и Клеменс Поси.

Саша Пивоварова изгледа како посетител од друг универзум од иднината, додека Клеменс Поси деловува поприземјено, страствена жена налик филмските ѕвезди од минатиот век.

Разновидните аксесоари ги задоволуваат сите вкусови, па дури и оние пребирливите ќе можат да најдат нешто за себе. Во колекцијата можат да се најдат класични шешири, федора шешири, но и шешири со разни детали на нив. Покрај шишири колекцијата е богата и со греачи за уши со украси од бисери, шноли за коса и многу убави шалови. Фотографиите се едноставни. На прв поглед би помислиле дека станува збор за уметничко дело на некој фотограф, кој подготвува каталог. Иако изгледаат необично и несвојствено, сепак станува збор  аксесоари кои би ги носеле секој ден и во секоја пригода.

Одбравте ли нешто по ваш вкус???

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma