Жителите на познатиот град Гвадалахара во Мексико станаа рекордери. Тие влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најмогу луѓе кои во исто време танцувале мексикански народен танц.
Настанот се случил на плоштадот Либерасион пред познатиот театар Деголадо, како дел од 18 годишнината од фестивалот за маријачи кој секоја година се одржува во Гвадалахара.
Во танцот се вклучиле 457 луѓе, а познатите мексикански народни песни ги свиреле дури 300 маријачи. Организаторот Мигел Алфаро Арангурен, вели дека мотивација за овој настан било зачувувањето и промоцијата на мексиканската култура.
Нареден проект на организаторите е рушење на гинисовиот рекорд за истовремено пиење на текила.