Мел Гибсон кој еднаш пред 5 години, направи забелешка против Семитите и беше уапсен за возење на пијанство, моментално снима филм за животот на еден еврејски херој по име Јуда Макаби.
Гибсон работи во договор со куќата на „Warner Bros“ за овој филм да биде одлично склопен заедно со неговата матична компанија „Icon Productions“. Сеуште не е одлучено која ќе биде улогата на Мел Гибсон во сето ова, дали можебе ќе биде режисер или пак, тој самиот ќе земе некоја од главните улоги во филмот.
Сепак, тоа што баш Гибсон работи на ваква тематика разлути неколку еврејски лидери.
Раби Марвин Хиер, декан и основач на центарот „Simon Wiesenthal“ рече:
– Да го оставиш Мел Гибсон да режира или да глуми во филм во кој се претставени Евреите како Јуда е исто како да ставите некој расист белец да ви го прикаже на големото платно Мартин Лутер Кинг. Ове е едноставно, навреда за Евреите!