Во една анкета спроведена од страна на мрежата Reels, која е дел од американската филмска индустрија, Мерлин Монро е прогласена за најсексапилна актерка на сите времиња.
Sвездата на филмовите “Некои го сакаат тоа жешко” и “Мажите повеќе сакаат русокоси”, освои 80.000 гласови од анкетираните, кои ја бираа американската секс бомба.
Мерлин Монро, која почина во својата 36 година од животот убедливо го освои првото место, а по неа следат Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон, Кетрин Зета Џонс, Селма Хајек.