Месечева диета

popara4 октомври, 20111min00
Untitled-1

Месечевата диета е револуционерна диета која ќе го исчисти вашиот организам и ќе го доведе до губење на неколку килограми за само 24 часа.

Оваа диета се држи за време на промените на месечината, и ако се почитуваат сите правила може да се загубат и до три килограми за 24 часа.

Месечевата диета која се држи за време на промените на месечината кои траат 24 часа, а се случуваат еднаш во текот на неделата, и во текот на тие 24 часа освен вода не би требало ништо друго да конзумирате во вашиот организам. Заради состојбата во која се наоѓа телото, треба да му се обезбеди повеќе течности ( најмалку 2 литра ). Во зависност од вашата желба за слабеење, ова гладување нема тешко да ви дојде, а за оние кои не можат да ја издражат диетата се препорачува внесување на овошни сокови, но оние вистинските, директно исцедени од овошјето и непреработувани. Никакви други течности или храна не се дозволени за конзумирање. Месечевата диета најдобро е да ја започнете во време на младата месечина, бидејќи искуствата покажуваат дека тогаш се добиваат најдобрите ефекти.

Оваа диета не се препорачува на лица со низок притисок и намалено ниво на шеќер во крвта.

Одамна е докажано е дека месечината силно влијае на земјата и на оние кои живеат на неа. Месечевата гравитација не влијае само на реките, морињата и океаните, туку и на телесните течности во живите организми т.е. кога месечината ја менува својата фаза тоа влијание има најголем потенцијал во првите 24 часа, бидејќи е потребно 24 часа да се промени земјиното магнетно поле. Сите овие работи влијаат на организмот кој лачи вишок на течности, кои се собираат како резултат на нездравата и прекумерна исхрана, лошото варење и стресот. Месечевата диета нема да ви помогне во согорување на маснотиите па затоа е важно да бидете физички активни и внимателни за тоа што внесувате за време на промените во месечевите фази.

Постојат 4 месечеви фази :

Млада месечина, кога месечината е во положба помеѓу сонцето и земјата и за нас е невидлива.

Прва четвртина

Полна месечина

Последна втора четвртина

 

Месечевите фази за Октомври 2011

Прва четвртина 4-ти Октомври во 3:15

Полна месечина 10ти во 20:15

Втора четвртина 18-ти во 15:10

Млада месечина 26-ти : 19:55

 

Месечевите фази за Ноември 2011

Прва четвртина 2-ри ноември во 16:40

Полна месечина 10ти во 20:15

Втора четвртина 18-ти во 15:10

Млада месечина 25-ти во 06:55

 

Месечевите фази за Декември 2011

Прва четвртина 2-ри декември во 09:55

Полна месечина 10-ти во 20:15

Втора четвртина 18-ти во 00:50

Млада месечина 24-ти во 18:05

Со Месечевата диета се почнува во точно време со почетокотот на промената на фазите, а доколку оброкот ви е неколку часа пред промените, тогаш прескокнете го и диетата нека започне порано.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag