Мешан зеленчук за здраво слабеење

popara26 ноември, 20111min00
zelencuk

Според последните истражувања, доколку во вашите оброци вклучите мешан зеленчук, ќе внесете 11% помалку калории дневно. Ова значи дека со редовното конзумирање на салати ќе успеете да се ослободите од вишокот на килограми.

Зеленчукот е многу важен за здравјето и виталноста на луѓето. Покрај тоа што ќе ви помогне да останете витки, ќе ви го подобри имунитетот и ќе ви го прочисти телото од отрови.

Според истражувањето, луѓето кои во текот на три месеци јаделе по една голема чинија салата заедно со нивниот ручек и вечера, во просек успеале да ослабнат од 2 до 8 килограми. Иако тие со следеле својот нормален начин на исхрана, повеќе се заситувале од салатите и јаделе помалку калорична храна.

Јадењето салати значително помага при процесот на слабеење. Ова правило сепак не важи доколку секој ден внесувате мрсна храна, бидејќи сите мрсни оброци се и многу калорични и често го надминуваат дозволениот дневен внес на калории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag