Лионел Меси веќе со години е најдобриот фудбалер на светот. Така е и оваа сезона. Во шпанската лига Меси веќе има постигнато осум голови во пет натпревари. Гледајќи го неговиот просек, Меси е најефективниот напаѓач во Европа, кој постигнува гол на секои 48,38 минути.
Минатата сабота, Меси го постигна својот втор хет-трик за оваа сезона, а веќе има 11 во својата кариера откако го облекол дресот на Барселона.
Второто место му припаѓа на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед со просек на голови на секои 50 минути.
Аргентинскиот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро заостанува малку зад англискиот репрезентативец со просек на голови на секои 50,63 минути.
Дури на шестото место се наоѓа играчот на Реал Мадрид, Роналдо, додека на десетото место се наоѓа босанскиот напаѓаќ кој игра во Сити, Един Џеко.