Михаел Шумахер – најдобар на сите времиња

popara10 август, 20111min00
schumi94_f

Михаел Шумахер е роден на 3 јануари 1969 година, син на Ролф и Елизабет Шумахер. Михаел започнал со возење картинг од својата четврта година, каде во возилото имал вграден мотор од косилката на татко му. Картингот потоа станал опсесија во фамилијата Шумахер. Поради искуството во механичарството, татко му започнал да работи како механичар за картинзите на локалната патека. Во 1980 година, Шумахер отпатувал во Нивелс, Белгија за светскиот шампионат во картинг. Таму тој бил импресиониран од еден исклучителен возач, Аиртон Сена.

Михаел набрзо во 1984 година, ја започнал својата кариера со победа на германскиот јуниорски куп во картинг. Стапнал на прагот на европскиот шампионат во 1987 година. Во 1988 година, тој започнал со трки во Формула Форд, односно Formula Koenig, како што е позната во Германија. За натпреварувањето на ова ниво му биле потребни спонзори и за среќа Јурген Дик и уште неколку спонзори се заинтересирале за неговите способности. Неговата прва сезона завршила со 9 победи од вкупни 10. Вили Вебер, неговиот иден менаџер, поседувал свој тим во Формула 3, и му дал шанса на Шумахер за тест на еден од неговите болиди. По седум, осум кругови Шумахер поставил време за 1 до 1.5 секунди подобро од регуларниот возач на Вебер. Првата година во Формула 3, Шумахер се натпреварувал против идните возачи во Формула 1, Карл Вендлингер и Хајнц Харалд Френтцен. Вендлингер на крај сепак го освоил првенството. Вебер потоа го ставил Шумахер да вози во јуниорскиот тим на Мерцедес, со спортскиот автомобил на Sauber, заедно со неговите ривали од Формула 3.

Можноста пристигнала кога возачот од Формула 1, од тимот на Џордан, Бертранд Гахот завршил во затвор и Шумахер добил шанса да вози за ирскиот тим. Џордан сакал да склучи договор со Шумахер за три години, но советниците на Шумахер го советувале да игра претпазливо. Привремен договор сепак бил склучен и тој одлично дебитирал на патеката Spa во Белгија, каде се квалификувал како 7-ми, подобар од својот клубски колега. По некои легални расправи, тој ја завршил годината во тимот на Benetton. Следната година тој ја освоил својата прва победа, на патеката Spa. Покажувајќи знаци на брилијантност, неговото време доаѓа во црната година 1994, кога стана светски шампион за еден поен пред Дејмон Хил, по импресивната битка во контроверзните околности во Аделаида. Во 1995-та година, тој ја одбранил својата титула со големо водство пред Хил и станал најмладиот двоен шампион. Неговиот Benetton Ford бил незапирлив, тој освоил 9 трки таа сезона. Во 1996-та година се префрлил во Ferrari и го обележал почетокот на најголемиот предизвик. Предизвик кој тој го исполнувал од 2000-та па се до крајот на 2004-та година и станал легенда во Формула 1 спортот, со освоени 5 шампионати (вкупно 7) и вкупно 91 победа.


Да се навратиме назад во 1994-та година, каде имал еден инцидент кој нема да го заборавиме. Во борбата за титулата со Дејмон Хил, Шумахер излетал од патеката во Австралија. Дејмон Хил веднаш позади него забележувајќи ја грешката, се обидел да го претекне и Шумахер му го пресекол патот, со што двата болида испаднале од трката и Дејмон ја изгуби титулата. Изјавата на Дејмон Хил после некое време била: “Има две работи по кои Шумахер се двои од останатите возачи – извонредниот талент и неговото однесување”. Три години подоцна, во сезоната 1997 година, Шумахер водел одлучувачка битка со Жак Вилнев, на патеката во Шпанија. Кога Вилнев се обидел да го претекне Шумахер, тој повторно му го пресекол патот и Вилнев се удрил, но само болидот на Шумахер бил надвор од трката. Вилнев сепак го освоил шампионатот. Шумахер таа година бил казнет со одземање на второто место во генералниот пласман.


Михаел паузирал од 2007-та година до крајот на 2009-та година, па се вратил во 2010-та година во тимот на Mercedes GP Petronas, но овој пат не со цел за освојување титула, туку од самата љубов кон овој спорт, да се учествува во него. Тој се уште вози во тимот на Mercedes GP Petronas.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma