Една од ретките познати ѕвезди кој призна дека е зависник од социјалната мрежа Фејсбук е познатиот пејач Мик Џегер. Фронтменот на легендарната група „Роулинг стоунс“вели дека поминува премногу време на Фејбук и дека тоа му е опсесија.
„Навистина премногу време поминувам пред компјутер, а премалку време и посветувам на музиката, а тоа почнува да ми пречи. Животот на Фејсбук ми го замени вистинскиот живот. Ако се логирам на мојот профил, одеднаш сум во контакт со многу луѓе, а со голем дел од нив воопшто не треба да контактирам. Морам „да се симнам“ од интернет“, изјавил Џегер.
Па, сите сме свесни дека Фејсбук е вистинска зараза, затоа на Џегер му препорачуваме целосно да го избрише својот профил – тоа му е единствен спас од зависноста.