Пред извесен период актерот Мики Рург и актерката Меган Фокс беа навистина блиски, но изгледа тоа беше само за време на снимањето на новиот филм “Passion play”. Искуството кое го имаше Меган со Мики, за време на снимањето на филмот ја натера да истетовира една тетоважа на своето тело во негова чест.
Но, нивната приказна по завршувањето на снимањата заврши и сега е прашање дали Меган се кае за тетоважата која ја направи.
Магазинот Њујорк, направи интервју на Мики Рург и новинарот сакајќи да добие некаква изформација за тоа какви се односите на Фокс и Мики сега, му посочи на Мики дека Фокс е прогласена за една од најдобрите актерки на сите времиња. Тој пак со малку потсмев изјавил: Тогаш јас сум работел со неа.