Мила Кунис: Почнав да глумам бидејќи моите родители немаа пари за дадилка

popara18 ноември, 20111min00
Mila_Kunis_1002

Актерката, Мила Кунис, почнала да глуми бидејќи нејзините родители немале пари за дадилка, па времето го поминувала во часови по глума.
Мила е родена во Украина, а нејзиното семејство се преселило во Лос Анџелес кога таа имала седум години. На часови по глума се запишала само за да може да се дружи со други деца.
Ѕвездата на серијата ‘Луди 70-ти и филмот Црниот лебед “, открила дека не го познавала добро јазикот, а поради тоа имала потешкотии во пронаоѓањето на пријатели. Еден ден слушнала на радио реклама за местото каде можело да се најдат нови пријатели, а тоа биле часовите по глума.
Бидејќи нејзините родители не можеле да си дозволат да ангажираат дадилка, тие биле среќни што можеле малку да одморат додека Мила била на часови.
Актерката открила за американските медиуми дека не ги разбира глумците кои својата професија ја сметаат за уметност.
‘Го сакам тоа што го правам, но не можам да поверувам дека ова е уметност? Трчам наоколу дванаесет часа, се преправам дека сум некој друг, а потоа одам дома да гледам серија “, изјавила Мила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag