Во првото коло од Лигата на шампионите на Камп Ноу се случи големо изненадување. Екипата на Милан во судиското продолжение успеа да и украде бод на доминатната Барселона. Алесандре Пато, во првата минута, како брз воз помина низ одбраната на Барса и донесе водство од 1-0. Барса врати со помош на Меси, кој ја помина целaта одбрана на Милан, и на тацна му сервираше на Педро кој израмни на 1-1. На почетокот на второто полувреме, Виља постигна одличен погодок од слободен удар за да му донесе водство на Европскиот првак од 2-1. Од тој момент натаму Барселона доминираше, имаа огромен процент на посед на топката, имаа и неколку полу-шанси додека Милан изгледаше незаинтересира и ретко ја поминуваше половината. Но во 92-та минута, по корнерот на Сидорф, Тиаго Силва го замолкна цел Камп Ноу и му донесе бод на Милан.
Во останатите поинтересни дуели, Арсенал не успеа да ја совлада екипата на Борусија Дортмунд. Арсенал водеше во поголемиот дел од натпреварот, но со прекрасниот гол на Перишиќ во 88 минута домаќинот се спаси од пораз. Челзи на Стемфорд Бриџ го победи Баер Леверкузен со 2-0. Головите ги постигнаа Давид Луиз и Мата, интересно по асистенции на Фернандо Торес.
Резултати од останатите дуели: Порто- Шахтјор 2-1, Генк- Валенсија 0-0, Плзен- Бате Борисов 1-1, АПОЕЛ- Зенит 2-1, Олимпијакос- Марсеј 0-1.