Милион фунти за ракопис на Џејн Остин

popara15 јули, 20111min00
6a00d8341c630a53ef015433b7758e970c-800wi

The Watsons, недовршениот и никогаш не објавениот рачно напишан роман на покојната британска писателка Џејн Остин е продаден на аукција во Лондон за милион фунти.

Се верува дека писателката престанала да работи на романот кога и починал таткото. Според изворите се смета дека тој е напишан во1804 година.

Ракописот од 68 страници бил во сопственост на еден од потомците на Џејн Остин, а анонимниот купувач платил три пати повеќе од почетната цена. На овој ракопис му недостигаат почетните 12 страници, кои се продадени за време на Првата Светска војна за да се соберат пари за Црвениот крст. Споменатите страници денеска се наоѓаат во библиотека во Њујорк.

Романот е базиран на приказната за еден вдовец со две ќерки кои сакаат да се омажат за богати мажи.

Џејн Остин почина во 1817 година, на 41 годишна возраст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag