Милионерка се „клецкала“ во ВЦ, а мажот и ја гледал! :)

popara3 ноември, 20111min00
naslovna

Крис (44) и Мери (43) Горман, богат пар од Шкотска, кои се сопственици на синџир продавници, биле уапсени за време на секс на јавно место во еден американски ноќен клуб.

Поточно, тие биле уапсени додека Мери имала секс со непознат дечко во машкиот тоалет во клубот Рокси во Орландо, Флорида, а нејзиниот маж ја гледал.

Еден работник во клубот пријавил дека еден црнец, белез и блекиња, која подоцна била идентификувана како Мери, имаат секс во тоалетот, изјавил полицаецот Ноа Пруит со кого Мери подоцна се обидела и физички да се пресмета.

Ситуацијата дополнително се влошила кога нејзиниот сопруг се обидел да го спречи полицаецот да ја уапси Мери. Во чантата на милионерката биле најдени две парчиња хартија во кои имало кокаин.

Мери била обвинета за поседување дрога и напад на полицаец, додека нејзиниот сопруг со кого се во брак 19 години, за попречување за време на апсење.

Мери треба да се појави на суд на 23 ноември, а и се заканува казна со пет години затвор, додека Крис може да помине и со условна казна. Непознатиот маж кој бил вклучен во сексуалните активности не бил обвинет за ништо.

Крис и Мери ги негирале обвиненијата и изјавиле дека не направиле ништо лошо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma