Девет месеци по раѓањето на синот Флин од актерот Орландо Блум, супермоделот Миранда Кер ќе се врати во јатото “Ангели на Викторија Сикрет”, во ноември ќе се појави со градник од 2, 5 милиони долари.
Минатиот месец Миранда ја воодушеви публиката со своето занесно тело на ревијата за костими за капење од брендот “Дејвид Џонс”, а сега е време за следен чекор.
Заводливата бринета ќе носи градник од колекцијата на “Викторија Сикрет”, кој вреди 2,5 милиони долари и целиот е покриен со различни драгоцени камења.