Мисиците ги снајде епидемија на грип! Кој ќе шета по пистата сега?

popara9 септември, 20111min00
Miss-Universe-2011

Изборот за „Мис Универзум“ кој треба да се одржи на 12 септември оваа година во Сао Паоло е под знак прашалник. Скоро половина од мисовите од цел свет се „приклештени“ за кревет поради тешкиот облик на вирусен грип со кој се здобиле.

Последниве два дена настанал вистински пекол за организаторите на „Мис Универзум“ во Бразил. Од вкупно 89 учеснички на изборот на убавица на универзумот, скоро половина се заразени со грип. Се работи за тежок грип кој се манифестира со висока температура, главоболки, болки во грлото и изнемоштеност на телото.

Друга негативна околност за манекенките е што температурата во Сао Паоло изнесува над 30 степени, па тоа придонесува грипот многу побрзо да се шири.

Под знак прашалник е целата манифестација, бидејќи ако вака се одвиваат работите, најверојатно ќе нема кој да прошета по пистата. Останува да видиме дали оваа неочекувана епидемија ќе го помести целиот настан за избор на Мис на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma