Мислев дека никогаш нема да го видам син ми!

popara17 октомври, 20111min00
1078-Mislila-sam-da-vise-necu-videti-sina

Исповед на мајка чие што дете беше киднапирано – Тања Д. од Шабац, после година дена драматична потрага конечно го најде синот

Немир и страв – Поранешниот сопруг и мајка му, минатото лето го земаа нашето петгодишно дете и оттогаш не знаев каде е. Го барав низ цела Србија и молев за помош. Мојот син Вук, полицијата го пронајде минатата недела на Земунскиот кеј во искинати и валкани алишта. Уапсени се татко му Славко M. и неговата мајка Наталија.

Петгодишниот Вук M. од Шабац, после неколку месеци скитање низ цела Србија, откако беше киднапиран од татко му и баба му, конечно сега е во прегратките на неговата мајка!

Полицијата во Шабац и Белград во заедничка акција стави крај на агонијата низ која поминуваше речиси една година мајката на момчето, Тања Д. (36 години), а нејзиниот поранешен сопруг Славко M. (37 години) и мајка му Наталија се уапсен. Тие беа уапсени минатата недела, додека со петгодишното дете, за кое беше спроведена потрага, се шетаа по кејот на Дунав.

Уапсени додека шетале

Киднаперите – таткото и бабата беа уапсени за време на попладневните часови додека шетале во Земун. Нашиот извор ни пренесува дека тие биле изненадени кога полицијата ги запрела. Полицијата продолжува да ги расветлува сите околности околу киднапирањето на петгодишниот Вук, а за сите детали ќе бидат информирани новинарите како и Основното јавно обвинителство во Шабац.

Мајка му: Ме немаше заборавано

Во потресната исповед на мајката Тања, низ солзи ја раскажува драмата која што и се случила минатата година.

– Сеуште се тресем… Како да сонувам… Сеуште не ми се верува… Ја имав изгубено секоја трошка надеж дека некогаш ќе го видам. Со денови се прашував како е, дали му е студено, дали е гладен. Кога ми се јавија дека мојот син е најден не можев да престанам да плачам од среќа. Дури не се ни сеќавам што ми зборуваа по телефон! Со месеци го барав и јас Вук, секојдневно поминував низ местата каде што претпоставував дека можеби го имаат однесено, но ништо. Немирот не ми даваше мир, со ноќи се будев и размислував за моето дете, што уште можам да направам и каде да отидам за да можам да го најдам… На кого да се јавам и од кого уште да побарам помош – со растреперен глас ни раскажуваше Тања Д.

– Му имаа облечено искината јакна неколку броеви поголема, стари панталони, а на нозете имаше искинати чорапи. Ми беше страв дека дека ме има заборавено, но ме препозна веднаш, веднаш ми се фрли во прегратки. Тој беше преплашен, тивок, но кога вечерта се вративме дома веднаш почна сите да ги бакнува, да ги прегрнува. Беше среќен кога го легнав во кревет и почна да ме прегрнува и да ми кажува дека креветот е премногу мек и дека одамна немал легнато во топол кревет. Кој знае низ какви се не места го носеле. Психијатарот што разговараше со него, ми рече дека татко му и баба му постојано го возеле некаде –  вели низ солзи, Tања.

Како што ни раскажа, по разводот во 2007 година, после четири години лош брак, таа го добила старателството за детето, а татко му секој втор викенд можел да го види. Минатата година, Тања му дозволила на поранешниот маж да го земе детето на две недели за да одат заедно во Горно Врање, не знаејќи каков кошмар ќе следи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag