Мистериозниот Египет

popara6 септември, 20111min00
pyramids

Иако Египетската кралица Клеопатра е опишувана како убавица на која и нема конкуренција, сепак кованиците од нејзината ера ја прикажуваат како жена со голем нос, издадена брада и тенки усни.

Голем број на митови се поврзани со Тутанкамон. Еден вели дека секој кој ќе влезе во неговата гробница, умира под сомнителни околности. Но всушност, статистиката покажала дека од 58 истражувачи, во текот на 12 години смрт доживеале само 8 од нив, што го демантира во целост митот дека врз било наметнато некакво проклетство.

За старите Египќани се вели дека поради тоа што тие граделе пирамиди и имале сложени обреди на мумифицирање на мртвите, биле опседнати со смртта. Сепак вистината е дека тие со тоа го славеле животот. Посакувале на мртвите задгробниот живот да им биде исто толку убав и пријатен како и земниот, па затоа во нивните гробници оставале многубројни предмети.

Пирамидите не ги граделе робови

Претпоставката дека пирамидите ги граделе робовите за прв пат ги изнесува грчкиот историчар Херодот во 5 век пред новата ера. Но доказите го велат токму спротивното. Имено, новите истражувања покажале дека градителите на пирамидите биле закопувани до самите пирамиди, а таа чест во никој случај не би можела да им припадне на робовите. Се смета дека градителите биле најпочитуваните занаетчии во стар Египет.

Слугите не биле закопувани заедно со своите владетели

Од над 300 владетели, истражувањата кажуваат дека само двајца наредиле по нивната смрт, да бидат убиени и нивните слуги. Наместо тоа, повеќето владетели наредувале во нивниот гроб да стават фигура од нивите слуги за да можат да им помагаат во и на другиот свет.

Хиероглифите не се опасни клетви

Се верува дека хиероглифите се измислени од старите Египќани, но се покажало дека всушност тие биле донесени од страна на западно азиските освојувачи. Митот вели дека хиероглифите содржат страшни клетви, но всушност станува збор за безопасни описи на историски настани.

И понатаму се појавуваат нови и мистериозни откритија кои го чекаат своето логично објаснување. Еден таков пример е „Соларниот Брод“ пронајден во големата пирамида, со кој се претпоставува дека богот на сонцето Амон Ра заминал во борба со богот на темнината Апеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma