Двегодишната мачка Тотси бил удрен од автомобил. Ветеринарите по ударот ја предупредиле неговата сопственичка Суе Вилсон дека Тотси може никогаш да не прооди. Десната на нога на Тотси била толку оштетана од нерсќата што ветеринарите ја советувале Суе да го успие нејзиниот миленик.
Но љубовта што Суе ја имала кон нејзиниот миленик била доволна таа да го одбие предлогот на ветеринарите. Верувајќи во Тотси таа упорно барала решение за тешката повреда. И било понудено Тотси да добива терапија во базен за рехабилитација на кучиња. Суе била пресреќна, 6 недели секојдневно по 3 часа вежбала со својот миленик. И „чудото“ се случило…
По шест неделна терапија Тотси застанал на своите нозе.„ Кога ми предложија хидротерапија, прво помислив на фактот дека мачките не сакаат вода, но љубовта кон животот најверојатно го натера Тотси да проба се само за да биде меѓу нас. Тој е едноставно неверојатен, сега е силен и посреќен од порано“ изјавува Суе.