Млади и згодни аристократи

popara18 јули, 20112min00
Charlotte+equestrian+competition+Yn7fHOlGA64l

1. Принцезата Шарлота Касираги од Монако

Принцезата Шарлота Мари Помелин Касираги, родена на 2 август 1986 година, е четврта по ред за да го наследи тронот на Монако. Освен тоа што изгледа како супермодел, принцезата Шарлота е прекрасна личност која раководи со повеќе хуманитарни организации од секаков вид. Па со мајка како принцезата Каролина и баба како Грејс Кели, не е ни чуди што оваа убавица сите ги остава без здив. Шарлота е докажан новинар и уредник, а нејзино хоби е јавањето коњи.

Принцезата Шириванавари од Тајланд

2. Принцезата Шириванавари Нариратана е единствената ќерка на принцот на Тајланд. Оваа убавица, која е родена на 8 јануари 1987 година, е опседната со мода, па досега има учествувано на повеќе модни настани во Париз со свои колекции. Шириванавари има има четири браќа, а титулата принцеза ја доби во 2005 година, по наредба на нејзиниот дедо, крунисаниот крал на Тајланд. Верувале иле не, нејзиното целосно име е Phra Chao Lan Thoe Phra Ong Chao Sirivannavari Nariratana.

3.  Шеикот Хамдан бин Мухамед бин Рашид ал Мактум од Дубаи

Висок, црномурест и згоден? Тоа е шеикот Хамдан, роден на 13 ноември 1982 година. Освен тоа што е згоден, овој млад човек е навистина образован. Хамдан е алумни студент на London School of Economics, а во моментот држи неколку важни функции во Дубаи. Хамдан е крунисаниот принц на Дубаи, а има уште 20 браќа и сестри. Тој е љубител на коњи и е страстен поет, а досега има објавено неколку книги.

4. Принцезата Иман бин Ал Хусеин од Јордан

Принцезата Иман бин Ал Хусеин, родена на 24 април 1984 година, е ќерка на кралот Хусеин и кралицата Нор од Јордан. Оваа принцеза, покрај тоа што во себе ја носи аристократската крв на јорданското кралско семејство, таа исто така има и шкотско, англиско, сириско, шведско и американско потекло од мајчина страна. Таа во 2003 година дипломираше на Кралската воена академија, а во моментот студира ветерина.

5. Принцот Хари од Велика Британија

Овој млад принц-бунтовник е еден од омилените личности на папараците. Тој во моментов е најзгоден ерген во Велика Британија, по венчавката на неговиот брат принцот Вилијам со Кејт Мидлтон. Вистинското име на Хари е Хенри, а тој ја носи титулата Принцот од Велс. Хари е роден на 15 септември 1984 година, а откако неговата мајка, принцезата Дијана, загина во сообраќајна несреќа, тој стана вистински бунтовник. Принцот Хари е офицер во британската армија, а за време на војната во Авганистан тој помина 77 дена на терен како тенкинст. Негово хоби е играњето поло, како и скијањето и моторциклизмот.

6. Принцезата Сиканисо од Свазиленд

На нашата листа се најде и припадник на африканската аристократија, принцезата Сиканисо од Свазиленд. Таа е родена на 1ви септември 1987 година и е најстара ќерка на кралот Моцвати од Свазиленд. Таа има 24 браќа и сестри од 14 различни сопруги на нејзиниот татко. Нејзиното семејство е огромно; нејзиниот дедо имал дури 200 деца. Сепак, Сиканисо одбила да ја следи традицијата и да се омажи и да живее во полигамија. Таа е актерка и раперка и живее како секоја современа девојка. Нејзиното семејство не го охрабрува ваквото однесување, па на неколку наврати нејзиниот татко наредил јавно да биде натепана со стап.

7. Принцот Карл Филип од Шведска

Принцот Карл Филип од Шведска е втор по ред за да го наследи престолот веднаш зад неговата сестра принцезата Викторија. Тој е роден на 13 мај 1979 година, а ја носи титулата Војводата од Вармланд. Карл дипломирал графички дизајн, а во моментот студира агрикултура. Негово хоби е фудбалот, а исто така и скијањето и пливањето. Сепак, негов најголем интерес претставуваат автомобилите, а тој се натпреварува во многу трки со своето Порше 911 ГТ3. Карл исто така зад себе има и воена академија, а ја носи титулата капетан на шведската морнарица.

8. Зара Филипс

Зара Филипс е второто дете на принцезата Ана и нејзиниот прв сопруг, капетанот Марк Филипс. Таа е една од згодните братучетки на принцовите Вилијам и Хари. Зара е родена на 15 мај 1981 година и, на барање на нивната мајка, таа и нејзиниот брат немаат никакви титули. Нејзината страст е јавањето, а Зара досега има освоено многу титули, меѓу кои и една светска титула на Европскиот шампионат во 2005 година. Таа летово се омажи за рагби играчот Мајк Тиндал.

9. Принцезата Викторија од Шведска

Принцезата Викторија од Шведска е идната кралица на Шведска, родена на 14 јули 1977 година. Таа во моментот ја носи титулата Војвотката од Вастерготланд, а доколку дојде на власт таа ќе биде четвртата кралица на Шведска. Викторија има диплома за политички науки, а се бави и со дипломатија. Таа се омажи со Даниел Вестлинг во 2010 година. Приватниот живот на Викторија отсекогаш бил држен во тајност, особено заради преголемиот медиумски интерес кога во тинејџерски денови и беше дијагностицирана анорексија. Интерсен факт за Викторија е дека таа е единствената жена престолонаследник во моментов во светот.

10. Принцот Венецлаус од Лихтенштајн

Принцот Венецлаус е роден на 12 мај 1974 година во кралското семејство на Лиштенштајн. Тој има двајца браќа и во моментот ги поседува титулите Неговото Височество Принц на Лихтенштајн како и Војводата од Рајтберг. Сепак, Венецлаус на јавноста и е најпознат по неговата бурна врска со супермоделот на Victoria’s Secret, Адријана Лима. Младиот принц ужива во многу спортови, а негова страст се автомобилите.

11. Беатрис од Јорк

Беатрис од Јорк најмногу ја паметиме по нејзината чудна шапка која ја носеше на венчавката на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Оваа црвенокоса девојка навистина личи на својата мајка Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендру. Беатрис е родена на 8 август 1988 година, а во моментов е петта по ред за да го наследи британскиот трон. Таа студира историја на уметност, а исто така многу време посветува на хуманитарни активности. Таа е единствениот член на британското кралско семејство кој го истрчал маратонот во Лондон, посветен на собирање средства за сиромашните дечиња низ светот.

12. Принцезата Цугуко од Јапонија

Во јавноста нема многу информации за 25 годишната принцеза Цугуко од Јапонија, која е родена на 8 март 1986 година. Таа му припаѓа на кралското семејство Такамадо и е студент на Васеда, еден од најпрестижните приватни универзитети во Јапонија.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag