Mмммммм! Здрави ужини за пред вечера :)

popara5 ноември, 20111min00
4.

Вечерата не е се уште спремна а вие сте мртви гладни. Еве неколку здрави идеи како да се заситите.

1.Крекер со јагоди

Намачкај путер на крекер. Заслади го со мед и украси го со тенко исецкани јагоди.

2. Едно минутна закуска

Намоткај пршута на убаво парче моцарела или кашкавал. Накити го со неколку маслинки и посоли со црн пипер и неколку капки балсамико.

3. Ананас и фстаци

Комбинирај 4 убави парчиња од ананас со исчистени фстаци. Можеш да го збогатиш тоа и со кикиритки или лешнаци, парчиња од јаболко и цреши.

4.Крем Сирење и Јаболко

Исецкај едно јаболко на тенки парчиња во форма на полу месечина. Врз нив стави пола чаша крем сирење. Цимет би бил изврсен зачин.

5. Топено сирење

Тенко парче од црн леб, намачкај го со сенф, додади тенко парче Cheddar (големина колку лепчето), и стави го во микробранова печка, додека се стопи кашкавалот. После тоа на врв стави тенко парче патлиџан и посипи го тоа со неколку семки од ким.

6. На мала тенак пита леб, изрендај пармезан . Посипи го тоа со оригано и столи го додека не потемни сирењето. Пресечи го на четири дела.

7. Свеж зеленчук со прелив

Исецкај краставица на ситни долги парчиња, искомбинирај ги со малди морковчиња. Сето тоа да се прелиие со некој прелив за салата по ваша желба  или тој што го практикувате најчесто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag