Многу е лут ама добар е за настинки

popara6 декември, 20111min00
ren

Ренот е одличен извор на витамин Ц,  и може да се користи во периоди како зимата кога нема многу свежо сезонско овошје и зеленчук. Можеби не сте знаеле , ама ренот има многу повеќе витамин Ц од лимонот…само неможе да го ставате во чајJ.

За да се се задржи овој витамин во ренот , не треба да е термички обработен .Освен со витамин Ц , ренот е богат извор на калиум, калциум и железо а и на витамини од Б групата- Б1,Б2,Б6.Поради содржината на калиум во себе делува како диуретик , а во народната медицина е познато дека ги намалува тегобите кај ревматските заболувања. Помага да се одзатне носот кога имате проблем со синусите или сте настинати . Го помага варењето на храната и работата на цревата во организмот и особено е ефикасен за уништување на ешерихија коли, ја подобрува циркулацијата и ја поттикнува работата на срцето.Припаѓа во групата на зеленчуци како зелка, карфиол и брокула и  исто како нив  делува превентивно против настанување на некои видови рак.

Особено е ефикасен за за уништување на бактеријата ешерихија коли кога е во голема мера  размножена во цревата.

Во исхраната ренот се користи како зачин, ако  се додаде во мајонез , павлака или јогурт тоа е одличен сос за јадења со месо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma