Модерни фризури

popara11 јули, 20111min00
1

Пред да ги погледнете сликите и се затрчате кај вашиот фризер или бербер, прочитајте кои додатоци и финти се in или out.

Гел и блескав неприроден сјај за коса се OUT! IN

Претераната употреба на гел, брилијантин, лак за коса или уште полошо масло за коса се најчести нешта кои мажите на овие простори ги употребауваат. Оваа година заборавете ги, или подобро фрлете ги, затоа што и онака се со поодминат рок на траење. Во тренд е природна коса, која така и изгледа. Ова е чекор напред не само од модна гледна точка, туку и здравствена, затоа што особено геловите се штетни за вашата коса.

Совети за мажи со црна коса

Кога се во прашање црномурестите мажи, оние како излезени од италијански или шпански филмови, се препорачува кратка и уредна фризура. Ако уредноста не ви е доблест, сигурно ќе се оправдате дека и со таква уредна, нема да наликувате на шпанско-италијански заводник, туку ќе се држите до патриотските навини – само кратка фризура.

Совети за виткана коса

Искрено, со таква коса и немате некој голем избор. Треба само да го најдете правиот фризер за таа да изгледа убаво со кратка должина. Во спротивно, ќе мора да се потпрете на останатите украси од вашето тело. Како и до сега… без големо фајде.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag