Парот кој се венчал пред неколку дена во Триполи, својата церемонија ја украсиле со стројници во рацете, пишува Daily Mail. Својот посебен ден со гостите го славеле во хотел во центарот на Триполи. Невестата била облечена во традиционалната облека со бурка, додека младоженецот својот изглед го подобрил со два стројника (автоматски пушки). Со цел амбиентот да биде целосен, некои од пријателите на парот, на свадбата пристигнале во маскирна униформа.