Мојот син е долгогодишен наркоман!

popara16 септември, 20111min00
drug-addiction-story

Нови Сад – Кога имате дете кое е зависник од дрога, еден од родителите мора во него да разбуди малку љубов, нежност, да му ги разбуди чувствата кои ги има скриено некаде длабоко, бидејќи познато е дека зависниците пред себе имаат само една цел – да земаат дрога. Иако повеќето родители даваат се од себе, многу често се случува на зависниците од дрога да не може да им се помогне. Мајка, која сама се бори против наркоманијата, речиси целосно поразена, ни раскажуваше како целата своја енергија и оптимизам полека исчезнува.

– Долго време размислував и собрав храброст за да ја раскажам мојата мака – можеби моето искуство ќе претставува помош за некој кој се наоѓа во иста или слична ситуација како мојата. Јас и моето семејство поминуваме низ овој пекол девет години. Сите наши страдања низ кои поминуваме се поради тоа што мојот син е зависник од дрога – со уморен глас ја започнува својата исповед Сања Ј., мајка на долгогодишен зависник од дрога, додавајќи дека најдобро би било целата оваа ситуација да се заврши, без разлика каков исход ќе има на крајот.

 Како се започна!

– Тој почна да го користи дрога на 14 годишна возраст. Неколку пати му наоѓав марихуана низ џебовите. Ме лажеше дека не е негова. Забележав дека, кога пушеше марихуана, добиваше чудни напади на смеа, имаше чудно однесување, почна да спие премногу, да се изолира…не знаев што му е, започна да ме загрижува неговото однесување… Мислев дека сето тоа е затоа што е во пубертет… Јас не бев свесен за целата ситуација – вели мајката која со години очајно се бори против зависноста на своето дете.

Дури откако дома почна да доаѓа со “проблематично“ друштво, почнала да ја согледува ситуацијата.

– Најпрво се обидов смирено да разговара со него, па потоа следуваа закани…но, тврдоглаво одбивав да се обратам за совет. Мислев дека сама можам да се справам со сопственото дете. Кога видов дека немам излез, отидов на советување. Таму ми рекоа: “Избркај го од дома, не му давај пари, мора да го допре дното за да разбере што прави“. Ги прашав како да го избркам своето дете. Мислев дека не можат реално да ја согледаат мојата ситуација – ни раскажува, додавајќи дека подоцна сфатила дека на зависник од дрога треба да му ја одземат мајка му, бидејќи она е личноста која никогаш нема да го остави своето дете гладно, жедно…

Крадеше сé што ќе му дојдеше при рака!

Сања Ј. раскажува дека сите работи од куќата започнале да исчезнуваат. Најпрво златото го снемало, па белата техника, домашните алатки за работа и на крајот сé што можело да се продаде. Започнал да краде од неговата сестра, тетка и од сите од кои што можел.

Уморна од сé, се обидела да му помогне да остане “чист“. Поминувале по 24 часа заедно…а тој се борел, но издржал само месец и половина.

– Еден ден, ми рече: “Јас знам дека не треба, знам дека не смеам ниту да помислам, но јас би те убил сега“. Не можев да поверувам во она што го слушнав. Еден ден тој ми рече, “Мамо, јас сега ќе се јавам на еден човек. Ајде јас и ти ќе одиме заедно во центар, за да ми донесе тој нешто, а ти ќе му платиш. Јас ќе земам само четвртина, нема да ја земам целата доза“. Се разбира, дека не отидов. Кога го прашав: “Зошто, сине мој повторно“ – едноставно ги крена рамениците, вели Сања.

Отишол во војска иако бил зависник од дрога. По само пет дена го однеле во болница.

Тој сега е во затвор, бидејќи бил фатен како внесува наркотични средства во касарната. Откако ќе излезе од затвор, ќе оди на лекување во центарот во Ковиљ. Сања Ј. признава дека е подготвена да го убие своето дете, ако продолжи да се дрогира, бидејќи не може повеќе да дозволи да ги уништува сите, затоа што зависник од дрога не се уништи само себеси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma