Силвано Винсет, шеф на италијански истражувачки тим. Тој изјавил дека и неколку други дела од познатиот сликар, како Св. Јован Крстител и Вплотениот ангел, биле инспирирани исто од убавината на ова момче со име Џакомо Капроти. Џакомо станал чирак на Да Винчи на возраст од 10 години, и останал со уметникот повеќе од 20 години. Се здобил со прекарот Сали или малиот ѓавoл и повеќе пати бил предмет на еротските скици кои ги цртал Да Винчи. Сали бил многу убаво момче и веројатно љубовник на уметникот, изјавил Винсет. Чиракот бил омилен модел на Леонардо, и тој секако вметнал карактеристики од него и во самата Мона Лиза. Други критичарти ја осудија оваа тероија за неоснована.