Монструм „из Босне“!

popara5 октомври, 20111min00
99664

Еден маж по потекло од Босна и Херцеговина во понеделникот вечерта во францускиот град Кулоз го запалил својот автомобил во кој се наоѓале неговите три деца.

Триесетитри годишниот маж го паркирал автомобилот на бензинска пумпа, а потоа го полил со бензин, а во него се наоѓале неговите три деца. Потоа и тој седнал во него и го запалил.

Според фрнацуските медиуми 33 годишниот маж и неговите две деца кои биле на возраст од 4 и 5 години починале, додека најстарото дете на возраст од 11 години успеало да побегне со тешки изгореници по телото.

„Детето се здобило со тешки изгореници по грбот и нозете, лицето му е недопрено, а животот не му е во опасност“, изјавиле за Франспрес очевидци.

Француската полиција подоцна во куќата на семејството го пронашла и трупот на неговата 29 годишна сопруга, која исто така имала босанско потекло.

„Очигледно е дека станува збор за убиство, а сторителот најверојато бил сопругот“, изјавил еден од истражителите.

Судот наредил обдукција на телото на сопругата, а според прелиминарните информации смртта била настапила поради задушување.

httpv://www.youtube.com/watch?v=vzOtD31O3VA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma