Морати го напушта фудбалот, ако на Јувентус му се врати титулата

popara28 јуни, 20111min00
CALCIO: INTER; MORATTI, DOPO INGENUITA' GRAN CARATTERE

Претседателот на Интер смета дека неговиот клуб нема никаква врска со она што се случува последниве неколку дена во Италија. “Верувам во правдата, ние сме чисти во ‘Калчополи'” изјави Морати кој ревизијата на целиот процес го гледа како извртување и банализирање на целиот процес. Нови докази кој се сокриени во 2006-та година во целата работа го вклучуваат и Интер, а тешко го обвинуваат поранешниот претседател Факети но и самиот Морати, дека правеле иста работа поради која е разрешен и Лучиано Моџи. По новите докази и транскрипата со разговори, Јуве пред една година побара да му биде вратена титулата од 2006-та година (онаа од 2005-та исто така им е одземена но не доби нов сопственик). Процесот продолжува во Неапол, но тој нема дирекна врска со барањето на Јувентус до федерацијата. Проценка е дека одлуката за “Калчополи” ќе биде донесена во септември, а обвинителството побара иземање на судијката Терезе Касорије, обвинувајќи ја дека била попустлива кон Моџи. Инаку од утрово разни медиуми шпекулираат дека со оваа одлука само би се убрзала намерата Морати да се повлече од фудбалот и клубот да го даде на управување на неговиот најстар син. Сигурно дека таквата одлука би значела и промена на курсот на клубот, бидејќи самиот Морати не важи за човек кој сака да управува од сенка, туку сите одлуки ќе му ги препушти на синот.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag