Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регоналните канцеларии на Граѓанската асоцијација МОСТ, досега забележани се следните неправилности на гласачките места:
– Гласачко место 2148 општина Велес, јавно читање на имињата и презимињата на гласачите при што претставниците од политичките партии ги бележат. Истото е забележано и на гласачкото место 0024 во општина Пехчево.
– Гласачко место 0674 општина Кавадарци, член на Избирачки одбор го фатил гласачот како го слика гласачкото ливче. Ливчето е одземено, поништено и случајот е пријавен во полиција.
– Гласачко место 2257 општина Штип, исто така е забележано лице кое со мобилен го слика гласчкото ливче. Гласачкото ливче е поништено, а полицијата го отстранила лицето поради што гласањето било прекинато 15 минути.
На повеќе избирачки места низ целата држава е регистрирано присуство на пропаганден материјал од учесниците во изборниот процес. И онаму каде што е потребно за сега забележана е навремена реакција на изборната администрација.
Извор: Нетпрес