Можен напад на Иранските нуклеарни централи

popara1 септември, 20111min00
123760

Францускиот претседател Никола Саркози го предупредил Иран за можноста на “превентивен напад” врз неговите нуклеарни централи, ако Иран и понатаму остане на неговите амбиции во оваа област, но сепак признал дека таквите операции би можеле да предизвикат “голема криза”. И додал дека Франција не би сакала да дојде до уште една голема криза во светот.
Тој не ги споменал земјите кои би можеле да учествуваат во овој превентивен напад, но повикал на заострување на санкциите према Иран.
“Иран одбива да преговара сериозно, и постојано презема нови провокации. Соочени со овој предизвик, меѓународната заедница мора да обезбеди веродостоен одговор. А тоа може да го направи, само ако покаже единство, цврстина и наметнување санкции. Би било погрешно доколку се потцени ситуацијата, изјавил Саркози.
Западот верува дека иранската нуклеарна програма е за воени цели, но Техеран тоа го негира, тврдејќи дека неговата цел била да произведува електрична енергија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma