Еден работник од американска фабрика тврди дека добил отказ, бидејќи одбил да носи налепница со бројот „666“, стравувајќи дека на тој начин ќе го следи проклетство.
Работникот Бил Хајат навел во тужбата дека добил отказ во 2009 година бидејќи несакал да носи налепница од три шестки, која требала да асоцира дека во фабриката токму толку денови се немало случено никаква несреќа.
„Тој број е знак на ѕверовите“, изјавил отпуштениот работник.
Работникот изјавил и дека е побожен христијанин и му рекол на шефот дека носењето таква налепница е против неговите убедувања. Од фабриката му рекле дека тие убедувања за нив се смешни. Најпрво работникот бил суспендиран, а пет дена подоцна отпуштен.
Фабриката „Бери Пластик корпорејшн“ каде што работел Хајат несакале да го коментираат случајот.