Му експлодирал iPhone 4 во авион!? Да не е алергичен на авиони:)

popara1 декември, 20111min00
0298007.42

При летањето на авионот на австралиската компанија Regional Express (Rex), кој летал од Лисмор до Сиднеј, експлодирал iPhone-от на еден патник, односно почнал да пушта дим и да гори.

До инцидентот дошло во текот на слетувањето на авионот. Според стандардните безбедносни процедури, вработените во авионот веднаш го изгаснале пожарот.

Во соопштението од Regional Express се вели дека никој не е повреден, и дека iPhone-от е предаден на австралискиот оддел за безбедност на сообраќајот ATSB, и на одделот за безбедност на цивилното воздухопловство (CASA).

За сега нема официјални информации зошто iPhone 4 се запалил. Но, ова не е прв пат ова да се случи. Експлозиите кај производите на Apple додуша се ретки, меѓутоа некогаш се случуваат и тоа поради прегрејувањето на лити-јонските батерии.

Безбедносни ризици

Apple така беше принуден да ја повлече првата генерација на iPod бидејќи батериите се прегреваа и „претставуваа безбедносен ризик”. Но, нема само Apple проблеми со батериите. Исто така, и Sony во 2008 година мораше да повлече околу 100.000 батерии за лап-топ, по жалбите на кориснците дека се прегрејуваат.

Apple веќе призна дека претходно го истражувал проблемот со батериите кој го имал iPhone 4, меѓутоа тоа немаше никаква врска со безбедноста. По излегувањето на iPhone 4S многу купувачи се жалеа дека батеријата брзо им се троши, па Apple издаде ажуриран софтвер iOS 5.01. Делот од корисниците смета дека со тоа проблемот е решен, но дел од нив и понатаму се сомнева.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag