Мухамед Гадафи, најстариот син на либискиот лидер Муамер Гадафи, денес успеал да избега од куќниот затвор, а во меѓувреме во Триполи пронашле две тела, од кои едното највероватно му припаѓа на еден од синовите на Гадафи, Хамис, објавила Ал Џезира.
Силите на Гадафи влегле во куќата каде што бил чуван Мухамед и го ослободиле после кратка борба со чуварите.
Во извештајот, исто така, се наведува дека НАТО ги насочувал воздушни напади на бунтовниците врз резиденцијата на Гадафи, Баб ал-Азизија во Триполи.
Мухамед касно синоќа се предал на бунтовниците, кои го опкружиле неговиот дом. Непосредно пред тоа, “Меѓународниот кривичен суд во Хаг” соопштил дека бунтовниците го уапсиле синот на Гадафи, Саиф ал Ислам.
Бунтовниците денес изјавиле дека во текот на денот бил уапсен и третиот на Гадафи, Сади Гадафи.
Еден од синовите на Гадафи, Ал Мутасим се претпоставува дека е лидер на отпорот околу палатата на диктаторот во Триполи, известува Ал Арабија. Бунтовниците се сомневаат дека токму таму се наоѓа Гадафи па затоа и има силен отпор од неговата лојална војска.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=DwuWxDK-8BE