И се случи!!! Го чекавме извештајот од ЕК (В-то ќе им го ставам, кога ќе се растури хорот) џанам како воскреснувањето Христово да доаѓа. Излезе Муле на подиум и си го прочита тоа што му го имаа стокмено во подрумската му кујна, која исклучиво работи со Грчки зачини. А каква храна ќе излезе со такви зачини, кога од „таа“ истата му „храна“ стаорци се „ранат“?! А и ќе се ранат и „натаму“, ако и тоа „срање“ одамна го немаат прокоцкано!
И би го прашал сега: абе Муле, ти има ли „кујничето“ ХАСАП стандарди? „Чисто сумњам“!!! А и да имаш некој Хасап, куварите ти се катастрофа! А и какви ќе ти бидат, кога наместо „готвење“ да учат, тие со знамиња и цвеќиња, на паради за „по…нос“ се „лигават“.
Како и да е, време е! Да се свртиме кон себе и да одработиме за себе. Преживеавме парадери од разни паради. Ќе го преживееме и овој. Важно е сега да се свртиме на ракометот! Во Ниш, сакале или не, не знаат под уставното име, а ќе не паметат по националниот ни идентитет! Литванија не освести „отпојќе“!!! Ние друг избор немаме! Качи се момче горе на тераса…..