Мурињо отпишал четворица

popara12 јули, 20111min00
mou

Тренерот на мадридски Реал, Жозе Мурињо отпишал четворица играчи пред старт на подготовките за новата сезона, така да се слободни во избор на нови средини.

Експедицијата на Реал отпутува за Лос Анџелес, каде ќе ги започнат подготовките, а меѓу повиканите 25 играчи нема место за Ласана Дијара, Педро Леон, Ројстон Дренте и Серхио Каналес.

Отпишаните играчи не ги исполнија очекувањата минатата сезона, а особено разочара најпознатиот меѓу нив, францускиот репрезентативец Дијара, кого Мурињо го тренираше уште додека ја водеше екипата на Челзи.

Почетокот на подготовките на Реал ќе ги пропушти Турчинот Хамит Алтинтоп, како и Аргентинците Гонзало Игуаин и Фернандо Гаго, кои ги бранат боите на државниот тим на Копа Америка.

Деветкратниот европски првак, кој во претстојната сезона има намера да ја прекине тригодишната доминација на Барселона, во недела ќе одигра пријателски меч против ЛА Галакси.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag