MythBusters и нивните топ моменти

21 февруари, 20110
Mythbusters

На 17-ти јуни, 1985 година медиумскиот претприемач Џон Хендрикс го оживеа својот сон и успешно ја лансираше најголемата медиумска документарна компанија во светот, Discovery Channel. Емисијата MythBusters, која е всушност една од најуспешните, досега има прикажано 191 епизода, вклучувајќи 2.326 експерименти. За 25-иот роденден на Discovery Channel, MythBusters направија епизода која ги вклучува нивните најдобри моменти. Добро познатите Џејми Хајнеман и Адам Севиџ ќе ни прикажат неколку од омилените моменти. Адам Севиџ изјавува дека првиот омилен момент му бил експериментот со фрлањето паричка од Empire State зградата. Експериментот всушност е всушност да се докаже дали паричката паѓајќи од таа висина може да убие човек. Со математички пресметки е пресметана брзината на паѓање на паричката, односно 70 mph, односно 112 kmh. Паричката ја лансирале всушност со помош на додаток направен за снајпер пушка и удирајќи со таа брзина во макета на човечки череп поставен во воздушен тунел, mythbusters докажаа дека не е можно да се пробие човечкиот череп при таа брзина. Севиџ се пошегува и изјави дека доколку паричката би паѓала со брзина од 20.000 mph, тогаш е можен смртен случај. Како друг експеримент можеме да го наведеме експериментот во New Mexico Tech, каде што се тестирани два автомобила исфлрени со брзина на звукот. Во Ново Мексико има всушност интересни објекти опремени со врвна опрема што може да забрзува предмети и до 16.000 mph; Следно – дали може автомобил со прикачена JATO ракета да забрза до 300 mph, односно 480 kph и да полета? Џејми и Адам не можеа да набават вистински JATO ракети од военото воздухопловство, туку тие искористија 3 аматерски ракетни мотори со еквивалентна моќ на JATO ракетите. Ракетите значително го забрзаа автомобилот, со тоа што брзината на автомобилот не успеа да стигне ни блиску до 300 mph, со тоа што и автомобилот очигледно не полета; Дали чаша за вино ќе се скрши со засилувач на гласот? Рок пејачот Џејми Вендера го поби митот и тоа без засилувач на гласот, чашата напукна; Правосмукалката може да добие особини на авионски мотор, доколку таа вшукува бензин? Не! Кај новите правосмукалки воздухот е излоиран од моторот и дури ако ова не е случај кај некои правосмукалки, резултатот би бил само мал пламен; Дали ајкулите можат да ловат преку реагирање на ниско фреквентни звучни бранови? Mythbusters отпатуваа до бреговите на Јужна Афрка во водите преплавени со ајкули. Тие сместија водоотпорни звучници под водата. По емитувањето на разни фреквенции, од 40 до 100 Mhz и дури употребувајќи и високо фреквентни звуци, тие не успеаа да привлечат било каква ајкула; Издувот на моторот на авион боинг 747 може да преврти автомобил?! Точно така, по сместувањето на автомобилот позади моторот на боингот, полната снага на моторот го преврте автомобилот; Моторот на авион боинг 747 може да преврти автобус?! Потврдено! Исто како и автомобилот, автобусот се поткрена и се преврте неколку пати, по што беше комплетно уништен; Личност може да скија на вода позади огромен брод за крстарење?! Со помошта на каскадерот Тори, првите неколку пати не успеа заради јаките струи, но подоцна Тори успеа да навлезе во влечната линија на бродот и позитивно го потврди експериментот; Доколку автомобил падне во вода, вратите не може да се отворат додека водата не навлезе внатре?! Потврдено! Притисокот е огромен и под толку јак притисок не може човечка сила да ги отвори вратите, се додека колата комплетно не се поплави, односно притисокот не се изедначи. Но, доколку веднаш по паѓањето, се обидете да отворите врата, пред да се зголеми притисокот, вратата ќе може да се отвори; Дали бикот навистина реагира на црвената боја? Овозможувајќи го експериментот во првиот дел, со помош на кукли како матадори со различни бои на знаменцата, бикот најпрво го нападна белото, па плавото и на крај црвеното знаменце. Вториот дел беше мошне ризичен, односно Тори, облечена во црвено требаше да седи мирно во средина на рингот, додека двајца каубојци се движеа наоколу. Овој дел докажа дека бикот се насочи кон движењата на каубојците, додека Тори остана недопрен; Дали канистери полни со аеросоли може да експлодираат од дејството од смртоносно оружје? Побиено! Најголемата штета што може да се постигне, се всушност мали изгореницич; Внимавајте кога одите да давате крв! Микрочипови кои го контролираат мозокот можат да се внесат преку крвотокот! Побиено! После неколку испитувања не е пронајден никаков микрочип; За крај, омилениот експеримент на Адам и Џејми. Дали можете да полетате со балон наполнет со хелиум? Тие направија балон во форма на коцка и го наполнија со хелиум и плус комбинација со воздух. Балонот имаше моќ одвај да поткрене корпа со тежина од неколку килца над површината, со што го побија митот за балонот со хелиум. Доколку сакате да погледнете некои од овие чудесни експерименти на супериорниот тим Mythbusters, слободно повелете на програмите на Discovery Channel.  Каналот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi