Грчките судски власти започнале постапка против “лицата кои се одговорни” за обид за шпионажа. Станува збор за прислушување на претставници на грчката влада во пресрет на Олимпијадата во 2004 година, а во тоа наводно биле вмешани службеници на Американската амбасада во Атина.
Предметот веќе е предаден на истражниот судија, а во него се идентификуваат тројца вработени во Американската амбасада, кои се осомничени за прислушувањето. Судскиот процесот е инициран од страна на јавниот обвинител Димитрис Дасулас.
Грчката влада во 2006 година, открила дека пролетта 2004 година до март 2005 година, биле прислушувани десетици клучни политичари и видни луѓе во државната безбедност, исто така и премиерот и некои министри. Грците и тогаш се сомневале во администрацијата на претседателот Буш кој ги надгледувал Олимписките игри во Атина, поради тоа што тоа бил прв поголем меѓународен настан по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година.