На Британците поважен им е Фејсбук од туширањето!

popara11 септември, 20111min00
fb britanija

На Британците најважно им е сонцето, додека интернетот е на второ место, пред водата за пиење, според листата од 50 работи без кои не би можеле да живеат.

Иако по сама логика човекот не може да живее без вода или пак туширање, сепак во едно истражување во Велика Британија на околу три илјади возрасни луѓе, работите и не испаднаа баш така логични.

Музејот на науката и истражувањата во Лондон за работите без кои луѓето не би можеле да живеат, доби одговори од поголемиот дел на анкетираните кој интернетот го ставаат пред водата за пиење, додека туширањето им е на 13 место, по Фејсбук и смартфоновите.

На првото место им е сонцето, односно светлиот сончев ден, на второ место интернет врската, на трето водата за пиење, а на петто место Фејсбук. Околу топ позициите во оваа листа од 50 работи без кој не можат Британците, се најдоа и повлекувањето на водата од тоалетот на деветто и мобилните телефони на десетто место.

Кафето и чајот се поважни од туширањето за Британците , а на 22-то место на листава се најде Гугл, а автомобилите се дури на 23 место. Лап топот ја доби 26-тата позиција, додека телевизорот 31-та, ајподот на 37-та, додека на последната позиција на листава е Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag