На Линдзи и ја украле торбата со нејзиниот пасош!? Ќе убијам некого ако задоцнам на суд!!!

popara13 декември, 20111min00
Lindsay Lohan Leaves Court Without Hand Cuffs

Линдзи Лохан во текот на викендот на Хаваи, останала без торбата во која таа носела еден куп пари и патна исправа. Наводно некој и ја украл од автомобилот Chanel торбата во вредност од 5000 $, а таму била и нејзината авионска карта и сите документи, со што Лило ќе заглави на островот и ќе го пропушти судското сослушување во врска со условната казна на кое мора да е присутна.

На аудио записот американска актерка паничи поради кражба која се случила додека таа била на забава на Хаваи. Таа пристигнала во бел џип, кој потоа го заклучила. Некој веројатно провалил преку багажникот бидејќи алармот не се вклучил. “Оставив се внатре, лична карта, пари, авионски билет, се. Морам да се вратам назад. Јас ќе убијам некого за да стигнам на сослушувањето”, изјави во паника е Lilo.

Сите гости на забавата и помагале при барањето на торбата и исто така и полицијата. Сепак, торбата ја пронашле дури утрото. Еден од членовите на актерскиот тим кој патува со неа и се грижи за нејзиниот багаж забележал сомнителен локален жител кој отфрлал дека знае било што во врска со торбата, додека покасно “наводно” ја пронашол на улица. За среќа, документите сеуште биле во торбата, но парите ги немало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma