На Њујорчани им е забрането пушењето и во парковите и на плажите

slobodan24 мај, 20111min00
new-york-city
Градот Њујорк денес ја прошири забраната за пушење во склоп на кампањата на градоначалникот Мајкл Блумберг за промоција на здравиот начин на живот, така што сега пушењето е забрането и во градските паркови и на плажите.
Во Големото јаболко пушењето во баровите и рестораните е забрането од 2003 година, а властите се надеваат дека забраната ќе придонесе за спречување на здравствените проблеми предизвикани од пушењето.
Новиот закон нема да го спроведува полицијата, туку околу 200 работници во градските паркови кои надгледуваат вкупно 12.000 хектари зелена градска површина и плажи.
За прекршување на забраната за пушење е предвидена казна од 50 долари.
Њујорчани и понатаму смеат да пушат на паркинзите, тротоарите, улиците и во своите куќи, иако многу сопственици кои ги изнајмуваат становите го забрануваат тоа.
Во Њујорк од последици од пушењето умираат повеќе од седум илјади жители годишно.
Во 2002 година пушеле 21 отсто Њујорчани, додека тој број денес паднал на 15.8 отсто.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag