ЕК: Нема враќање на визниот режим за Македонија

24 мај, 20110
2087217652_a150fc0557

Еврокомесарката Сесилија Малстром денеска изјави дека нема повторно да се воведе визниот режим за Македонија. Одлуката се однесува и за Србија како и за останатите држави од Западниот Балкан.

“Европската унија ќе продолжи со континуиран дијалог да им дава поддршка на овие држави да работат на намалување на бројот на азиланти во Европа. Мерките кои ги спороведе македонската Влада, вродија со плод, па така, изминатиов период е забалежано подобрување и намалување на бројот на барателите на азил, но проблемот се уште постои“, изјави Малстром.

Европската комисија донесе одлука за дополнување на визната регулатива, која во моментов нема да се спроведува, во ниту една држава, но претставува заштитен механизам за земјите членки на Унијата и Шенген зоната, доколку во иднина постои опасност за нивната безбедност од неконтролираниот прилив на емигранти.

Во одлуката експлицитно се наведени условите под кои, за државите чии граѓани ја злоупотребуваа визната либерализација, секогаш ќе постои опасност од повторно привремено воведување на визниот режим.

Советот на министри на Унијата на 9 и 10 јуни во Луксембург треба да го усвои предлогот на ЕК, кој го поднесе комесарката Малмстром пред министрите за внатрешни работи на земјите-членки на 12 мај.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi